„Твитер“ најавија жестока борба против расистите кои оваа социјална мрежа ја користат за да ги навредуваат фудбалерите. Последни такви случаеви се случија во Англија, кога цел на расистите беа Јуте Меите, Теми Абрахам и Пол Погба.
Манчестер Јунајтед преку соопштение дека се згрозени од навредите кои биле упатени кон Пол Погба, откако тој не успеа да реализира пенал на мечот со Вулверхемптон.
„Твитер“ ќе надгледува 50 црномурни фудбалери и автоматски ќе го брише секој расистички „твит“. Исто така мрежата ќе го блокира профилот на корисникот кој напишал навредлив коментар и тој корисник ќе биде пријавен в полиција.