Top Sport

Уапсен еден од најбогатите Британци и мнозински сопственик на Тотенхем

Британскиот милијардер Џо Луис, мнозинскиот акционер на фудбалскиот клуб Тотенхем, беше уапсен во средата поради инсајдерска трговија, објави обвинителот.

Луис, 86. годишен бизнисмен од Бахамите, е обвинет за „оркестрирање на дрска шема“ за инсајдерско тргување, изјави во вторникот американскиот обвинител за јужниот округ на Њујорк, Демијан Вилијамс, објавувајќи го своето обвинение.

Помеѓу 2013 и 2021 година, Џо Луис наводно „го злоупотребил својот пристап до управните одбори“ на различни компании со цел на своите „романтични врски, лични асистенти, приватни пилоти и пријатели да им обезбеди информации кои не се достапни на пошироката јавност“. Користејќи ги тие информации тие луѓе „заработиле милиони долари на берзата“.

Во обвинението на 29 страници се наведени 19 обвиненија против бизнусменот, меѓу кои и неколку за „измама на берзата“. За најтешкото обвинение му се заканува затворска казна до 25 години.

Според обвинителот, милијардерот ги давал информациите како начин да ги награди своите вработени или да им подари подароци на пријатели или да победи, опишувајќи ја шемата како „класична корпоративна корупција“ и „мамење“.

Другите двајца обвинети, Патрик О’Конор и Брајан Во, се двајца пилоти кои бизнисменот ги ангажирал за своите приватни авиони, соопшти обвинителството.

Џо Луис се смета за еден од најбогатите луѓе во Обединетото Кралство, со проценето богатство од повеќе од шест милијарди долари според Форбс. Милијардерот е сопственик на бахамската компанија „Tavistock Group“, чија подружница „ENIC“ стана акционер на Тотенхем во 2001 година.

Scroll to Top