Во Севилја вечерва во 21 часот во рамки на групната фаза на Лига Европа ќе се состанат домашниот Бетис и италијански Милан, но натпреварот имаше увертира по улиците на шпанскиот град.
Полицијата имаше полни раце работа и уапси околи 20 навивачи на Милан кои недолично се однесувале во близина на градската катедрала.
Како што информираат дел од шпанските медиуми, групата навивачи направила штета на околните згради, на автомобилите и автобусите, палеле димни бомби и факели, па полицијата морала да интервенира.
Обезбедувањето околу стадионот е подигнато на највисоко можно ниво.