Диего Коста не е фудбалер кого го следи најдобра репутација на фудбалскиот терен, но напаѓачот направи фантастичен гест откако даде гол за Атлетико Мадрид на „Сан Мамес“ за израмнување против Атлетик Билбао во првиот меч за „јорганџиите“ по паузата поради корона вирусот.
Во 39. минута Коста израмни откако домаќините дојдоа во водство преку Икер Мунаин, и отиде до клупата од каде што го зеде дресот со број 14 кој го носи фудбалерката на женскиот тим на Атлеитко, Вирхинија Торесилја, која во мај беше на операција за тумор на мозокот.
Para ella, para @VirginiiiaTr
Diego Costa dedicó el gol a su compañera operada de un tumor cerebral. #VolverEsGanar pic.twitter.com/XEl4gIz3rD— Fútbol en Movistar+ (@MovistarFutbol) June 14, 2020