Top Sport

Убава вест за Бразилците: Нејмар се врати на тренинзите со тимот

Бразилската ѕвезда Нејмар се врати на тренинзите со тимот пред осминафиналето на Светското првенство против Јужна Кореја во Катар.

Нејмар учествуваше на денешната сесија и вежбаше со топка, изведувајќи удари кон голот на само два дена пред следниот натпревар на тимот.

Добрата вест за петкратните светски шампиони дојде истиот ден кога левиот бек Алекс Телес и напаѓачот Габриел Жесус отпаднаа за продожението од турнирот поради повредите здобиени во поразот од Камерун со 1:0.

Scroll to Top