Top Sport

Убави вести за Клоп: Фирмино се враќа за дербито на „Олд Трафорд“

Бразилскиот ас Роберто Фирмино барем малку ќе ги намали маките на менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, пред дербито со Манчестер Јунајтед в понеделник на „Олд Трафорд“ ќе ја гледаме пресметката помеѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Тој се опорави од повредата и ќе биде подготвен за настап.

Ова е од суштинско значење ако се знае дека Дарвин Нуњез заработи суспензија поради црвениот картон што го доби на мечот против Кристал Палас.

Бразилецот Фирмино го напушти натпреварот против Фулам во 50. минута, а не играше ниту против Кристал Палас поради повреда. „Деветката“ сега се враќа во вистински момент, а блиску до стартниот состав е и опоравениот дефанзивец Џо Гомез.

Scroll to Top