Брајтон забележа победа од 3:0, во дуелот со директниот конкурент во борбата за опстанок, Њукасл јунајтед. Двата тима и по ова 29 коло ќе останат на 16. и 17.место, разликата е само што Брајтон ја зголеми предноста во однос на Њукасл на четири бода. Во исто време Брајтон има шест бода повеќе и натпревар помалку Фулам.
„Галебите“ на менаџерот Греем Потер, во целост го надиграа Њукасл, но до финишот на натпреварот не успеаја да го совладаат одличниот Дубравка.
Во третата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел Тросар го постигна првиот гол на натпреварот. По шест минути игра во вториот дел предноста на Брајтон ја зголеми поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и Арсенал, Велбек.
Точка на значајниот триумф за Брајтон стави Мопеј во 68.минута.