Удинезе потврдија дека ќе поднесат жалба против резултатот на 6:2 поразот од Аталанта, тврдејќи дека мечот требал да биде одложен поради пандемијата на КОВИД-19.
Мечот во неделата се одигра и покрај тоа што клубот од Удине имаше дури 12 отсутни фудбалери поради позитивни тестови. Локалната здравствена власт исто така нареди тимот да биде под карантин, но Лега Серија А со судска одлука побара карантинот да биде кренат.
Ова е уште еден проблем за протоколот на Серија А, во кој се тврди дека ако клубот има 13 достапни фудбалери родени по 2003 година (вклучувајќи еден голман), мечот мора да се одигра. На крајот на „Дачија арената“, Удинезе доживеа тежок пораз.
За разлика од Удинезе, мечевите на Торино и Болоња, два клуба кои беа под наредба за карантин од локалните власти, беа одложени – Торино денеска со 4:0 ја победи Фиорентина, а Болоња утре ќе игра со Каљари.