Top Sport

Удинезе ја декласираше Рома и го врати Мурињо во реалноста

Удинезе стигна до фантастична 4:0 победа над Рома, ставајќи крај на фантастичниот почеток на сезоната на тимот на Жозе Мурињо, враќајќи ги во реалноста на борбата во италијанскиот шампионат.

Работите тргнаа наопаку за гостите на „Дачија арената“ уште во 5. минута, кога Дестини Удоџи го смести првиот гол во мрежата на Руи Патрисио. „Волчицата“ се обиде да се врати во игра, но Лазар Самарџиќ во 56. минута зголеми на 2:0. Во 75. минута, Рикардо Переира зголеми на 3:0, за Санди Ловриќ да ги „дотепа“ во 82. минута.

Со победата, Удинезе ги помина Рома на 4. место на табелата со одличниот почеток на сезоната со трета победа во низа.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО
Удинезе – Рома 4:0
Кремонезе – Сасуоло 0:0
Специја – Болоња 2:2
Верона – Сампдорија 2:1

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top