Top Sport

Нов шок на Евробаскетот – Грузија ја посрамоти Турција!

Денот на кошаркаски изненадувања на Евробаскетот продолжи, откако Грузија по две продолженија на домашен терен во Тбилиси со 88:83 ја победи фаворизираната Турција. По победите на Белгија над Шпанија, и на Босна и Херцеговина над Словенија, Турците имаа шанса да го запечатат првото место во групата А со трета победа, но на крајот потклекнаа.

Турција имаше 10 поени предност на почетокот на втората четвртина, пред Грузијците да направат пресврт и да имаат +7 (53:46) на полувреме. Турција пак направи пресврт и поведе со 74:69 во првото продолжение, но Мекфаден со две тројки ги врати Грузијците во игра. Сандро Мамукелашвили, кој беше најдобар на мечот со 20 поени и 12 скока, постигна тројка за 84:81 водство, кое потоа не го испуштија до крајот.

Во следното коло, Турција игра со Белгија, додека Грузија ќе брка победа над Бугарија, со која може да се вклучат во борба за нокаут фазата.

Scroll to Top