Неколку европски медиуми утрово објавија дека Аргетнина би можела да се појави во наредното издание на Лигата на нации, натпреварување што го организира УЕФА. „Марка“ тврдеа дека УЕФА решила да ја повикаат Аргетнина да се натпреварува во А-дивизијата.
Аргентинците се разочарани од крајниот епилог на Копа Америка 2019. Завршија на третото место и не можат да се помират со поразот во полу-финалето од Бразил. Наводно потоа добиле повик од УЕФА да играат во Лигата на нации.
Меѓутоа УЕФА експресно реагираше на тврдењата на медиумите и ги демантира таквите информации.
„Нема вистина во информациите дека сме ги прашале Аргентинците да играат во Лигата на нации или во било кое друго натпреварување што го организира УЕФА. Аргентина не е членка на УЕФА. Немаше никакви разговори околу тоа“, стои во соопштението на УЕФА.
UEFA denying report Argentina could participate in Nations League – or any UEFA competition pic.twitter.com/ocZjnLdiDB
— Rob Harris (@RobHarris) July 8, 2019