УЕФА и официјално потврди дека Милан и Тулуз се примени во европските купови и покрај тоа што имаат ист сопственик. Двата клуба се во сопственост на американската инвестициска фондација „Редбрд“, по што постоеја стравувања дека го нарушуваат правилото со кое се забранува два клуба да имаат ист газда.
Милан завршија на четвртото место во Серија А со што влегоа во Лигата на шампиони, додека Тулуз се квалификуваа за Лига Европа по освојувањето на Францускиот куп со 5:1 победа над Нант во финалето. „Редбрд“ се обидоа да ја сменат сопственичката структура преку холдинг-компаниите и промени на бордот на клубот, откако Џери Кардинале си замина од бордот на Тулуз.
Тие не беа единствените клубови под истрага – Астон Вила-Виторирја и Брајтон-Унион Сен-Жил исто така беа под истрага, но и на нив им е дозволено да се натпреваруваат во куповите.
The The First Chamber of the UEFA Club Financial Control Body (CFCB) decisions on multi-club ownership cases for 2023/24 UEFA club competitions: ⬇️
— UEFA (@UEFA) July 7, 2023