Top Sport

Ѓоковиќ откри како синот му помага во тренингот (видео)

Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ забрзано се подготвува за кам-бек на тениските терени по сериозната повреда на лактот поради која го пропушти вториот дел од сезоната.

Очигледно, добива добра помош и од синот Стефан.

„Најдобра вежба за стомачните мускули“, напиша Ѓоковиќ под видеото во кое тој го крева својот син со нозете.

Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена неодамна станаа родители по вторпат, кога им се роди ќеркичката Тара.

Ѓоковиќ се враќа на тенисот на крајот на декември, кога ќе учествува на 10. издание на богатиот егзибициски турнир во Абу Даби.

Scroll to Top