УЕФА го казни фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј со три милиони евра поради кршење на правилата на финансискиот фер-плеј и непочитување на договорот на кој клубот се согласил во јуни 2019 година.
Арбитражното тело на УЕФА за контрола на клупските финансии исто така одреди дека Марсеј во наредните две сезони (2020/2021 и 2021/2022) да добие 15 отсто помал износ од онај кој ќе му следува за учеството во европските купови.
Исто така Олимпик Марсеј ќе биде и дополнително казнет со лимитиран број на играчи што ќе може да ги пријави за настап во европските купови. Марсеј на А-листата, во наредните три сезони (2020/2021, 2021/2022, 2022/2023) ќе може да има само по 23 фудбалери.