УЕФА го повлече распоредот за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство во Германија. Објавениот документ наводно бил повлечен поради техничка грешка. Како што е најавено, во понеделник наутро ќе биде објавен конечниот распоред на квалификацискиот пат за ЕП 2024 година.
УЕФА објасни дека се работи за техничка грешка и ги извести претставниците на фудбалските сојузи дека брзо ќе имаат комплетна програма од квалификацискиот циклус, од март до ноември следната година.
Според верзијата објавена непосредно по ждрепката, Македонија квалификациите требаше да ги започне против Малта на 23.март 2023 година, а да ги заврши на во ноември против Англија во Скопје.
Според првичниот распоред, македонските фудбалери требаа да бидат слободни во второто и осмото коло.