УЕФА го промени „балканското“ правило за клупските европски натпреварувања во 2020/21, со што веќе нема да биде забрането да се „паѓаат“ екипи од Србија со тие од Босна и Херцеговина и Хрватска.
УЕФА го воведе ова правило по хатичниот натпревар во Мостар во 2017, кога играа Зрињски и Партизан, по што европската куќа на фудбалот ги раздели овие противници. Бидејќи ќе се игра по само еден меч во квалификациите за Лигата на шампиони и Лига Европа и тоа без присуство на публика, укинувањето на правилото ќе биде „безболно“.
Сепак, УЕФА заддржа дел од „забраните“ – клубовите од Србија и БиХ нема да можат да се сретнат со клубови од Косово, клубовите од Ерменија нема да може да играат со тие од Азербејџан, и клубовите од Русија нема да може да играат со тие од Украина.