Top Sport

Веспрем удри по џебовите на тренерите и играчите

Дебаклот што ракометарите на Веспрем го претрпеа од Скјерн (32:25), во првиот осмина-финален натпревар, во Лигата на шампионите, ги натера челниците на клубот да „удрат“ по џебовите на тренерите и играчите. Од оваа сезона ракометар на Веспрем е и македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.

Членовите на стручниот штаб и ркометарите до крајот на унгарскиот шампионат ќе добиваат минимални плати.

„Навивачите, неговите сопственици и градот му даваат голема морална и финансиска поддршка овој тим да може да игра на највисоко ниво на домашните и меѓунардни натпревари. Почувствувавме дека некои резултати што ги постигна Веспрем се неприфатливи оваа сезона. Ова не е достојно за 40-годишната клупска традиција и е навреда за секој што имал придонес во минатото или се уште придонесува за клупските успеси, поради кои нашиот клуб е познат во Европа. Со оглед на овоие факти донесовме одлука до крајот на годината, тренерите и играчите, да добваат минимални плати“, стои во клупското соопштение.

Веспрем, осмина-финалниот реванш во Лигата на шампионите, ќе го одигра в недела од 16:30 часот.

Scroll to Top