Top Sport

УЕФА им нареди на Ајакс да го сменат дресот инспириран од Боб Марли

Ајакс мораа да го сменат дизајот на дресот инспириран од Боб Марли поради бизарно правило на УЕФА, потврдија холандските медиуми.

Дресот, инспириран од песната „Три мали птици“ (Three little birds), песна која е неофицијална химна на фановите на Ајакс, веќе беше носен на мечот со Цволе во саботата, но со променет дизајн. Ајакс го носеа црниот дрес со црвени, жолти и зелени рабови како трет официјален дрес, но без птиците на грбот (под јаката), во боите на јамајчанското знаме. Клубот ја објаснио промената.

„УЕФА ги посочи птиците како различно лого покрај клупското лого, главниот спонзор и спонзорот на ракавот. Други објави не се дозволени“, се вели во објавата на Ајакс.

Песната „Three little birds“ стана омилена кај фановите на Ајакс кога на пријателски меч кај Кардиф сити во Велс, навивачите требаше да останат на трибините, а диџејот ја пуштил токму таа песна. Оттогаш таа се пее на секој меч на „копјаниците“.

Семејството на Боб Марли претходно го поздрави потегот на клубот.

„Прекрасно е што навивачите на Ајакс толку ја засакаа таа песна. Вакви приказни ми го греат срцето и покажуваат колку неговите песни се важни. Да ги искористам зборовите на мојот татко: ‘Фудбалот е слобода’“, изјави ќерката на Боб Марли, Седела Марли.

Scroll to Top