Top Sport

УЕФА истражува 20 клубови – Санкции им се закануваат на Барса, Јуве, ПСЖ

УЕФА отвори истрага против 20 клубови поради кршење на финансискиот фер-плеј за сезоната 2020/21.

Финансискиот фер-плеј, како правило постои со години, но УЕФА не го применува подеднакво за сите. Секогаш кога треба да се снакционира некој од богатите клубови се „крева прашина“, а потоа по жалбата на клубот се се регулира како ништо да не се случило.

Последен пример е Манчестер сити, од пред три години, тогаш клубот доби двегодишна забрана за настап во европските купови. Клубот вложи жалба, по што УЕФА го „заборави“ целиот случај.

Сега, од истите причини, УЕФА истражува дури 20 клубови, од кои 10 очекуваат санкции, а тука спаѓаат: Барселона, ПСЖ, Јувентус, Рома, Марсеј, Интер…

Санкциите за тимови како Пари Сен Жермен и Марсеј би можеле да имаат економски карактер, додека одредени клубови се очекува да претрпат посериозни казни. Поточно сега Барселона се соочува со елиминација од европските купови.

Треба да се напомене дека ова е последна сезона во која важат сегашните правила на финансискиот фер-плеј. Од 2023 година, УЕФА воведува порадикални мерки со ограничени процентуални трошоци за платите на фудбалерите, трансферите и менаџерските провзии.

Scroll to Top