Top Sport

Ирвинг ќе остане во Нетс, нејасна е иднината на Дурент

Бруклин Нетс решија да го задржиат Кајри Ирвинг, додека ситуацијата со Кевин Дурент останува нејасна. Нетс се уште се еден од посилните тимови во НБА и покрај срамот што го доживеаја во плејофот, во 2022 година.

Сагата со двајцата нивни најдобри играчи Кевин Дурент и Кајри Ирвинг трае цело лето и изгледа дека ќе трае уште малку.

Да потсетиме, Кевин Дурент побара трејд по средбата со сопственикот на Нетс, Кајри Ирвинг официјално беше „во излогот“, но според последните информации од Њујорк Нетси го повлекле Кајри и сакаат да го задржат.

„Кајри Ирвинг ја прифати опцијата да ја помине сезоната 2022/23 со Бруклин и ќе заработи 37 милиони долари, а според моите сознанија тој редовно тренираше и беше конкретен учесник на тимските состаноци во текот на летото. Бруклин г информираше заинтересираните клубови дека нема да го трејдуваат Кајри Ирвинг и дека тој сепак ќе остане дел од тимот“, објави новинарот Шамс Чаранија.

Што се однесува до Кевин Дурент, тука работите не се јасни. Тој се согласи да го повлече барањето за трејд, но ги услови Нетс да ги отпуштат тренерот Стив Неш и генералниот менаџер Шон Маркс доколку сакаат тоа да се случи.

Џозеф Цаи, сопственикот на Нетс, изјави дека не сака да го прифати неговото барање и дека сто проценти стои зад Неш и Маркс. Во редот за потписот на Дурент се Бостон Селтикс, Мајами Хит и Торонто Репторс.

„Бостон Селтикс, Торонто Репторс и Мајами Хит се главните фаворити да го доведат Кевин Дурент, бидејќи тие се тимовите кои ги имаат потребните играчи за да го направат трејдот. Сепак, Нетси имаат одредени барања за да бидат подготвени да го испратат некаде двократниот МВП на големот финалето“, вели Чаранија.

Scroll to Top