Top Sport

УЕФА ја казни Крајова со 60.000 евра и 3 меча играње пред празни трибини

УЕФА ја изрече казната за романскиот тим Университатеа Крајова за инцидентите што се случија пред четири дена, не реванш мечот против унгарски Хонвед, во рамки на квалификациите за Лига Европа.

Судијата Арнолд Хантер беше погоден со „топовски удар“ во главата, мечот беше во прекин половина час, но потоа продолжи.

Романскиот клуб се избори за пласман во наредната фаза по изведувањето на пенали, а од унгарскиот табор бараа мечот да се регистрира со службен резултат во нивна корист или да се одигра нов меч на неутрален терен.

Од УЕФА сметаа дека инцидентот не влијаел на резултатот на мечот, па го отфрлија барањето на Унгарците.

На Романците им е изречена парична казна од 60.000евра, а наредните три меча во натпреварувањата на УЕФа ќе ги играат пред празни трибини.

Во Крајова можат да бидат задоволни со ваквата казна.

Во четврток ќе го пречекаат атински АЕК во првиот меч од третото коло од квалификациите на ЛЕ.

Scroll to Top