Top Sport

Канада по примерот на САД – најдобрите нема да патуваат на СП во Кина

Канадскиот кошаркар, Џемал Мареј официјално се откаѓа од преставувањето на својата земја на Мундобаскетот во Кина. Плејмејкерот на Денвер Нагетс реши да се посвети на опоравување од повредата наместо натпреварување со репрезентацијата.

Тој сепак ќе биде дел од кампот на Канада, да им помогне на соиграчите со совети.

Истото претходно го направи и Ар Џеј Берет, рукито на Њујорк Никс кој исто како и Мареј ќе биде во кампот на Канада, ама нема да патува во Кина.

За потсетување Канаѓаните на СП во Кина нема да ги претставуваат ниту НБА ѕвездите како што се Ендру Вигинс, Тристан Томпсон, Двајт Пауел, Шеј Гилџус-Александер, Никел Александер-Вокер, Дилон Брукс, Треј Лајлс, Брендон Кларк, Мфионду Кабенгеле и Ник Стаускас.

Канада на СП е во многу тешка група, заедно со Литванија, Сенегал и Австралија.

Scroll to Top