Top Sport

УЕФА ја казни Украина за мечот против Македонија во Прага

УЕФА ја казни Украинската фудбалска федерација со 20.000 евра поради „расистичко однесување“ на навивачите за време на квалификацискиот натпревар против Англија во полскиот град Вроцлав на 9 септември. Фановите на трибините вееја знамиња со симболи на крајната десница.

Европската фудбалска централа нареди делумно затворање на стадионот во Прага, кој ќе биде домаќин на следниот натпревар на Украина против Македонија на 14 октомври.

На Украина исто така и е забрането да продава билети и за следниот натпревар на гостувањето кај Малта на 17 октомври.

 

Scroll to Top