Top Sport

УЕФА ја објави заработувачката на клубовите – со Суперлигата големите би инкасирале тројно повеќе

УЕФА ги објави сумите кои клубовите ги добија по учествата во нивните клупски натпреварувања (Лига на шампиони, Лига Европа), во кои се забележува падот на заработувачката поради пандемијата на корона вирусот.

Додека клубовите заработија 3.093 милијарди евра во 2018/19, овојпат сумата е „само“ 2.417 милијарди евра – падот во ЛШ е од 1.96 милијарди евра на 1.64 милијарди евра, додека во Лига Европа од 559 милиони евра на 478 милиони евра.

Пари Сен-Жермен заработиле најмногу со 126.8 милиони евра, додека шампионите Баерн Минхен инкасираа 125.45 милиони евра. Во Шпанија, Барса е единствениот тим кој заработил над 100 милиони евра, додека во Англија најмногу доби Манчестер сити со 94.74 милиони евра.

Овие суми покажуваат зошто 12-те моќни клубови го посакуваа формирањето на Европската Суперлига – тие ќе добиеја веднаш 300 милиони евра, додека шампионот на секој турнир ќе носеше дома фантастични 400 милиони евра. Вака, заработувачката е помала за повеќе од една третина.

Преземено од marca.es – сумите се во 100 илјади евра – односно 126.806 значи 126.806.000 евра

AnimeFreak my hero academia season 4 animefreak: Watch Hunter x Hunter (Dub) Episode 133

KissAnime kiss kiss anime: Watch Attack on Titan Final Season Episode 7 (https://kissanimeonline.com/m/31z8/ep-7)

Scroll to Top