Top Sport

УЕФА ја одби жалбата на Манчестер сити

Дисциплинската комисија на УЕФА, ја одби жалбата на Манчестер сити. „Граѓаните“ побараа да му биде намалена суспензијата на кајл Вокер.

Вокер, доби директен црвен картон, на натпреварот против Лајпциг на 7.декември. Десниот бек доби суспензија од три натпревари. Проценката на УЕФА била дека стартот бил со намера да се повреди противникот.

Вокер веќе го пропушти дуелот со Спортинг, а покрај реваншот, кој за неговиот тим ќе биде само формалност, нема да игра и во првиот четврт-финален натпревар во Лигата на шампионите.

Scroll to Top