Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар е обвинет за „навредување или малтретирање“ на фудбалски судија, откако Бразилецот објави на Инстаграм лут пост по исфрлањето на ПСЖ во Лигата на шампионите од Манчестер јунајтед.
Нејмар, кој е во аут со повреда на стапалото, откако Јунајтед стигнаа до драматична 1:3 победа со гол од пенал во финишот на мечот постави видео на кое го нарече ВАР „срамота“ и им порача на сите да се е.ат.
Ако биде прогласен за виновен тој може да добие казна од три меча на УЕФА. Датумот на сослушувањето уште не е одреден. Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел изјави дека го разбира бесот на Нејмар и ги бранеше неговите коментари, за кои велеше дека се направени во „жарот на моментот“.