Top Sport

УЕФА ќе им додели службена победа на Рен против Тотенхем

УЕФА не може да најде термин во кој би се одиграл одложениот натпревар во Конференциската лига помеѓу Тотенхем и Рен.

Натпреварот, во четвртокот, не се одигра поради проблемите што ги има Тотенхем со коронавирусот. Пред натпреварот клубот пријави 13 заразени.

Рен и без овој натпревар го обезбеди првото место во групата, Витесе се втори со 10, Тотенхем со натпревар помалку има седум бода. Евентуална победа над Рен би му обезбедила место на Тотенхем во нокаут-фазата.

Случлајот сега е во рацете на Дисциплинската комисија, која треба да утврди дали Тотенхем имале на располагање 13 фудбалери колку што е пропишано во правилата на УЕФА.

Како што стојат работите УЕФА ќе го регистрира натпреварот со службени 3:0 за Рен. Слично УЕФА постапи во случајот помеѓу Швајцарија и Украина, кога победата им ја додели на Швајцарците.

Она што е јасно Тотенхем нема да имаат замерки, на Конте му одговара тимот да не игра во Конференциската луга за да може во целист да се посвети на натпреварите во Премиер лигата.

Scroll to Top