Top Sport

УЕФА ќе ја казнува Звезда?

Црвена Звезда никако да „излезе“ од проблемите кои ги има со УЕФА. Европската куќа на фудбалот потврди дека има дисциплинска истрага против Звезда и ЦСКА Москва за нивниот меч од шестнаесетфиналето на Лигата на Европа, кое во вторникот заврши без голови.

Проблемот повторно се однесувањата на трибините на „Рајко Митиќ“ во мечот, односно користењето на пиротехнички средства и блокирање на влезовите на дел од трибините. Рускиот тим пак, ќе одговара за користење на пиротехника и фрлање на предмети на терен.

Зa „црвено-белите“ ова не е добра вст, бидејќи тие и сега се условно казнети со играње без публика за случките на гостувањето кај БАТЕ Борисов во Белорусија, кога имаше транспаренти со поддршка за воениот злосторник Ратко Младиќ.

Одлуката ќе биде донесена на 22 март, кога Звезда ќе знае дали ќе успее да се пласира во осминафиналето на ЛЕ.

Звезда успеа да остане непоразена против ЦСКА (видео)

Scroll to Top