Претседателот на Европската асоцијација на клубови, Андреа Ањели, потврдил дека ова тело ја поддржало УЕФА во намерите да биде воведено уште едно клупско натпреварување, што ќе им се приклучи на постоечките Лига на шампиони и Лига Европа.
Ањели, кој претседава со Европската асоцијација на клубови, информацијата ја потврдил на генералното собрание.
„Додека ја чекаме одлуката да ја потврди и Извршниот комитет на УЕФА, можам да кажам дека ние дадовме „зелено светло“ да се воведе и трето натпреварување, што значи дека бројот на клубови што ќе се натпреваруваат во сезоната 2021/2022 ќе биде 96“, рекол Ањели.
Форматот на новото натпреварување, како и тимовите што ќе учествуваат во него, допрва ќе бидат откриени.