УЕФА официјално потврди дека три места од 24 учесници на Европско првенство 2024 ќе бидат обезбедени преку натпреварувањата во Лигата на нации. Тоа значи дека Македонија со прво место во групата Ц, ќе обезбеди место во плеј-оф и ќе може повторно да се бори за пласман на Европско првенство.
Германија автоматски обезбедува учество како домаќин на ЕВРО 2024, а покрај трите места од Лигата на нации, 20 селекции ќе обезбедат учество низ квалификациите за ЕП.
„За Еропското првенство 2024 ќе бидат осигурани три места преку Лигата на нации. Ќе бидат одредени 12 тима кои ќе играат плеј-оф, а во прашање се 12 победници на групите во лигите А, Б и Ц. Ако победниците во овие групи веќе обезбедиле место на ЕП преку редовните квалификации, тогаш ќе бидат заменети со најдоброрангираните селекции од нивната лига. Доколку во лигата нема доволно селекции кои не се квалификувале низ квалификациите, баражот ќе се пополни со селекции од следната по квалитет лига, заклучно и со Лига Д“, објави УЕФА.