Манчестер сити во осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе игра против Реал Мадрид. Имињата на клубовите и ѕвездите што играат во Сити и Реал гарантираат спектакл кој сепак ќе мине во сенка на казната што УЕФА им ја изрече на „граѓаните“.
УЕФА, во петокот, поради кршење на правилата пропишани со финансискиот фер-плеј, го исфрли во наредните две сезони Манчестер сити од европските купови.
Казната ќе важи од наредната сезона што значи дека Сити продолжуваат да се натпреваруваат во Лигата на шампоните, а со глед на квалитетот што го имаат не е невозможно на крајот и да го освојат ова натпреварување.
„УЕФА би дале сѐ за Реал да го елиминира Манчестер сити. Не можам да верувам дека веднаш не ги дисквалификуваа. Циркус ќе биде доколку Сити сезонава ја освојат титулата. Сите потоа ќе му зборуваат на Гвардиола дека со измама го постигнал тој резултат, ќе го оспоруваат резултатот кој сам по себе би бил фантастичен“, смета поранешниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, кој сега работи како аналитичар на телевисијата „Скај“.
„Играчите не би требало да размслуваат воопшто дали треба да заминат од Сити. па тие заработуваат по 300.000 фунти неделно, а платени се за она за што не треба да бидат платени бидејќи клубот нечесно работел. Беа фантастични во првенството, но во Европа тоа не беше случај“, дополнил Карагер.