Германскиот капитен Мануел Ноер и Германската фудбалска федерација (ДФБ) нема да бидат предмет на дисциплинска акција од УЕФА поради носењето на капитенска лента со боите на виножото на ЕУРО 2020 и покрај првичната најава.
35-годишниот Ноер ја носеше лентата во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата, а УЕФА истражуваше дали ова ги прекршува нивните правила за забрана на политички ставови на првенството, но одлучи дека тој промовира „добра кауза“ и тој нема да биде казнет.
Германија игра со Унгарија во последниот меч од групата Ф во среда, а градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер потврди дека ќе побара од УЕФА дозвола „Алијанц арената“ да биде обоена во боите на виножитото поради „толеранција и еднаквост“, но и како реакција по анти-ЛГБТ законите кои неодамна беа донесени во Унгарија.
УЕФА со истрага за Ноер поради капитенската лента во боите на виножитото