Германската фудбалска федерација (ДФБ) може да добие казна од УЕФА откако нивниот капитен Мануел Ноер носеше капитенска лента во боите на виножитото во знак на поддршка на ЛГБТ заедницата, нешто што според УЕФА е политички став.
Германските медиуми потврдија дека Ноер е под истрага за носењето на ваквата капитенска лента на мечевите против Франција и Португалија, а исто така беше со истата лента и на пријателскиот меч со Летонија пред старто на ЕУРО 2020.
Покрај ова, УЕФА ги истражува и Унгарците за наводните дискриминаторски пораки на двата меча на Унгарија на „Пушкаш арената“, каде што дел од навивачите имаа анти-ЛГБТ банери.