Европската куќа на фудбалот, УЕФА потврди дека покренува дисциплинска постапка против Црвена звезда за навредите на национална основа која ги доби фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ на нивниот меч во четвртокот во Белград, кој заврши 2:2.
Иако Ибрахимовиќ остана на клупата во текот на мечот, еден, засега неидентификуван човек, му викаше на Швеѓанецот со бошњачко и хрватско потекло: „Седи долу, Златане! Пич.о една, балија еден смрден. Да те е.ам во уста“.
Претходно и Црвена звезда објави дека соработува со српските власти за да се идентификува човекот кој го предизвика инцидентот.