Top Sport

УЕФА: СЗО не предложи пауза од 18 месеци

УЕФА ги демантира го демантира пишувањето на „Ла Република“ дека Светската здравствена организација (СЗО) предложила да нема фудбалски натпревари во наредните 18 месеци.

Минатата недела преку видео-линк УЕФА и СЗО на актуелната тема со коронавирусот разговарале два и пол часа. Италијанскиот весник тврди дека предлогот на СЗО бил фудбал да не се игра се до почетокот на 2022 година додека целосно не биде запрена пандемијата.

Британски „Индепедет“ повикувајќи се на портпаролот на УЕФА, пренесува дека СЗО не упатиле акво барање до европската куќа на фудбалот. На состанокот СЗО и УЕФА разговарале дали ќе биде завршена сезоната 2019/2020.

За потсетување СЗО имаше важна улога во носењето на одлуката за одложување на Олимписките игри во Токио.

Scroll to Top