Top Sport

Калјехон се враќа на „Месталја“

Фудбалскиот клуб Валенсија покаува сериозен интерес за фудбалерот на Наполи Хосе Калјехон. Шпанецот ќе стане слободен играч по завршувањето на сезоната. Валнесија на 33 годишниот фудбалер му понудиле три годишен договор.

Калјехон изминатите седум сезони е играч на Наполи, претходно бил играч на Реал Мадрид и Валенсија. На почетокот на годината одбил да потпише нов договор со Наполи со образложение дека сака да се врати во Шпанија.

Валенсија во летниот преоден покрај Калјехон ќе се обиде да ангажира уште еден искусен фудбалер, станува збор за Давид Силва кој исто така ќе биде слободен играч.

Scroll to Top