Top Sport

УЕФА: За еден месец Сојузите да ги проложат плановите за продолжение на сезоната

УЕФА во вторникот го објави новиот план кој се однесува на почетокот на прекинатите национални шампионите во Европа.

Европската куќа на фудбалот на националните Сојузи им постави рок најдоцна до 25 мај да ги подготват плановите за продолжување на сезоната, која е речиси секаде е прекината во првите две недели од март поради коронавирусот.

УЕФА смета дека до крајот на мај јасна ќе биде перспективата околу продолжување на сезоните бидејќи се верува дека до тогаш пандемијата ќе ослабне.

Поради тоа се претпоставките дека кон средината на јуни ќе се создадат услови сезоната да продолжи, секоко без присуство на публика.

Германците се најголеми оптимисти, тие веќе најавија дека Бундеслигата ќе продолжи на 8 мај, додека во Англија владее мислењето дека Премиерлигата може да продолжи на 8 јуни.

Што се однесува до Италија и Шпанија, држави кои се најмногу погодени од коронавирусот, таму се уште се водат дебати дали воопшто треба да се игра фудбал.

Scroll to Top