Top Sport

„Ако поради Џордан не бев во Дрим тимот тогаш…“

Прославениот кошаркар на Детроит Пистонс Ајзеа Томас рекол дека би бил уште повеќе разочаран доколку се вистините наводите дека поради Мајкл Џордан е бил повикан во оригиналниот Дрим тим за настап на олимписките игри во Барселона во 1992 година.

Непријателството помеѓу Џордан и Томас започна во 1991 година, кога тимот на Пистонс на чело со Томас одбија да има честитаат на противниците за победата 4:0 во финалето на Источната конференција во 1991 година. Џордан овој гест никогаш не им го прости на Пистонс особено на Томас кој беше лидер на тој шампионски тим. Наводно тој лично барал Томас да не биде повикан во оригиналниот Дрим тим иако според квалитетот и минатиот труд местото му беше во тој тим.

Деновиве оваа тема е повторно актуелна откако ЕСПН започна да го прикажува документарниот фил во десет епизоди „Последниот танц“ посветен на Мајкл Џордан и неговата последна сезона во кариерата во Чикаго Булс.

„Кога ќе погледнам зад себе и помислам дека поради тоа не бев дел од Дрим тимот…поради тоа сум преплавен од емоции, само поради тоа што не сум се ракувал со некого…Ако тоа е причината, тогаш сум повеќе разоран него во моментот кога не ме повикаа“, рекол Томас и дополнил.

„Имаше многу контроверзи кога не ме повикаа. И понатаму не знам кој ги бораше играчите и зошто решија да не сметаат на мене. Знам кои беа критериумите, ги исполнував. Тоа е најголемата дамка во мојата кариера“.

Scroll to Top