Top Sport

УЕФА жестоко го казни Динамо Загреб

УЕФА го казни Динамо Загреб, кој синоќа беше елиминиран во квалификациите за Лигата на шампионите.

Од европската куќа на фудбалот, на навивачите на Динамо им забранија да го следат на госувањата својот тим до крајот на оваа сезона.

По поразот во Загреб од АЕК (2:1), Динамо до 92.минута имаше пласман во плеј-офот, бидејќи водеше со 2:0. Меѓутоа во неверојатен финиш АЕК во 92. и 100. минута постигна два гола и го елиминираше хрватскиот шампион.

УЕФА го казни Динамо поради инцидентите од 8,август, кога беше убиен еден навивач на АЕК.

„Според проценката на УЕФА, сите натпревари на кои Динамо е гостина, поради неговите навивачи се натпревари од висок ризик, а тоа за жал го потврдува сериозноста на инцидентите поради присуството на навивачите на Динамо во Атина и покрај одлуката да не им се продаваат билети за натпреварот. Ова беше истакнато и во извештајот кој содржи информации за инцидентите дадени од грчките власти“, се вели во соопштението на УЕФА.

УЕФА додаде дека Динамо мора да направи се што е во негова моќ да не им дозволи на своите навивачи да патуваат на гостински натпревари, а од друга страна, на „Максимир“ мора да ги преземат сите безбедносни мерки кога на натпреварот ќе дојдат навивачи на други клубови.

Инаку, Динамо ќе игра против Спарта Прага во баражот за пласман во Лига Европа.

Scroll to Top