Top Sport

(Видео) Интер го освои Лига купот, Меси стана најтрофејниот играч на сите времиња

Лионел Меси од денеска е фудбалерот со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот. Досега го делеше првото место со Дани Алвеш со 43 освоени пехари, но откако Интер Мајани го освои Лига купот дојде до својот 44. трофеј и сега е сам на челната позиција на вечната листа.

Аргентинецот беше клучен играч за тимот од Мајами на патот кон овој историски трофеј за клубот. Го носеше тимот во текот на целиот турнир, а потоа и во финалето против Нешвил.

Интер на крајот славеше дури по изведувањето пенали. Во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 1:1, а единствен стрелец за Интер беше Меси во 23. минута. Тоа беше неговиот десетти гол во седмиот натпревар за Интер.

Дрејк Календер си постигна автогол во 57. минута и го постави конечниот резултат.

Според правилата, доколку по 90.минута нема победник веднаш се шутираат пенали.

Сепак, таму Интер победи со 10:9 во серијата со три промашени пенали. Рандал Леал и Елиот Панико промашија за Нешвил, а Виктор Улоа за Интер.

Меси го реализираше првиот пенал, а неговиот соиграч, голманот Дрејк Календер, прво одбрани два пенали, од кои еден против колегата Елиот Панико, а потоа го постигна и победничкиот гол, па Интер го освои првиот трофеј во клупската историја.

Scroll to Top