Top Sport

Украина остана без Јармоленко за дуелот против Македонија во Прага

Фудбалската репрезентација на Украина е следниот ривал на Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024, и ќе биде ослабена за дуелот во Прага на 14.октомври. Селекторот Сергеј Ребров нема да може да смета на искусниот офанзивец Андриј Јармоленко.

Тој поради повреда го откажа својот настап на претстојниот меч.

Сергеј Ребров на негово место го повика Назариј Русин, 24-годишен напаѓач кој е член на Сандерленд. Тој минатата сезона беше во тимот на Зорја, од каде се пресели во англискиот тим.

Scroll to Top