Top Sport

Синер го освои турнирот во Пекинг

Италијанскиот тенисер Јаник Синер победи на АТП турнирот во Пекинг.

Во финалето, Синер го победи Данил Медведев со 7:6, 7:6. Со тоа се одмазди за поразите во претходните две финалиња годинава, во Ротердам и на Мастерсот во Мајами и покажа дека има огромен потенцијал.

По победите над вториот и третиот играч во светот Карлос Алкараз, во полуфиналето и Данил Медведев во финалето, Синер на АТП листата ќе скокне три позиции. Италијанецот од понеделник ќе биде на четвртото место на АТП листата, што е негов најдобра ранкинг во кариерата.

Scroll to Top