Top Sport

Борусија без Халанд во Глазгов

Борусија Дортмунд, вечерва, без Ерлинг Халанд, ќе гостува кај Глазгов Ренџерс, во реваншот од 1/16 финалето во Лига Европа.

Халанд не играш и во првиот меч меѓу овие ривали, кој им припадна на играчите од Глазгов (2:4). Реваншот, Норвежанецот, ќе го пропушти поради повреда на мускулот.

Стрелецот на 23 гола за Борусија, од почетокот на сезоната, поради повредата на мускулот веќе пропушти четири натпревари.

Биурусија се наоѓа пред тешка задача, но ќе се обиде да го елиминира Ренџерс на „Ајброкс парк“. „Милионерите“ по победата од 6:0, над имењакот од Менхенгладбах, се оптимисти дека можат да обезбедат победа која ќе ги однесе во 1/8 финалето во Лига Европа.

Scroll to Top