Top Sport

Украинците во 121. минута ја „урнаа“ Шведска за четврт-финале против Англија!

Украина е последниот четврт-финалист на ЕУРО 2020 година, откако во драматична завршница, дури по продолженијата стигнаа до 2:1 победа над Шведска во уште еден интересен и возбудлив меч на континенталниот шампионат. За ова беше потребен еден црвен картон и супер-замената Артем Довбик, кој во 121. минута го совлада Робин Олсен за прв репрезентативен гол во кариерата и голема победа и пресметка со Англија во четврт-финалето на шампионатот.

Во израмнетото прво полувреме, Украинците дојдоа во водство во во 27. минута, кога топката дојде кај ѕвездата на Манчестер сити по убава акција, за тој да го совлада Робин Олсен. Емил Форсберг израмни на 1:1 по асистенцијата на Дејан Кулушевски во 43. минута за најава за интересно второ полувреме. Ова беше четврти гол на Форсберг во четири меча.

И во второто полувреме, двете репрезентации беа израмнети, со многу шанси на двете страни. Сидорчук во 53. минута ја стресе стативата, за само две минути подоцна, Форсберг да ја погоди стативата. Форсберг во 69. минута повторно имаше одлична шанса, но на крајот по регуларните 90 минути беше без победник.

Продолжението почна со црвен картон во 99. минута за Даниелсон по грубиот старт, по што беше консултирана и ВАР-технологијата. По ова Украинците тргнаа поофанзивно, за на крај херој да биде замената Артем Довбик, кој во 120. минута ги „скрши“ срцата на Швеѓаните!

ЧЕТВРТ-ФИНАЛИЊА НА ЕУРО 2020

Белгија – Италија

Швајцарија – Шпанија

Англија – Украина

Чешка -Данска

Scroll to Top