Поранешниот украински репрезентативец Олександер Алиев имаше спектакуларен неуспех во разговорите во живо со неговите фанови преку интернет, откако неговата поранешна сопруга (со која го дели станот) го пцуеше пред навивачите вадејќи „валканици“ околу неговиот сексуален живот.
Алиев зборуваше со една негова навивачка, Ина Головко, и се пофали дека учествувал во „тројка“, кога неговата поранешна сопруга, Татјана, со која го дели станот со нивните деца, фуриозно се влучи во разговорот на Инстаграм.
Таа му нареди да излезат на балкон за да зборуваат за сексот таму и му порача да замолчи пред децата, и во исто време го обвини дека има голема љубов кон „казиното, курвите и алкохолот“. 35-годишниот Алиев го продолжи разговорот, кој го следеа над 24.000 луѓе.
Ова не е прв конфликт помеѓу поранешните сопружници – минатата година Татјана објави видео на кое Алиев ја тепа пред децата, но и покрај разводот, тие продолжија да живеат заедно.
Алиев во кариерата 10 години играше во Динамо Киев, како дел од генерацијата на Артем Милевскиј, а играше и за Локомотив Москва во 2010/11.
Выйди на балкон!)))) pic.twitter.com/hnz2iKjJiJ
— Никита (@Nikitska) April 26, 2020