Top Sport

Украински репрезентативец нокаутирал руски турист во Анталија

Напаѓачот на украинскиот клуб Шахтјор Доњецк, Данило Сикан, кој е и репрезентативец на својата земја, нокаутирал турски турист на подготовките во Анталија. Тимот на Шахтјор се наоѓа на подготовки во турскиот туристички центар, а во нивниот хотел пристигнале и поголем број руски туристи.

Неколкумина од нив провоцирале во алкохолизирана состојба и извикувале „Слава на Русија“.

Данило Сикан со еден удар го нокаутирал рускиот турист, по што реагирало хотелското обезбедување.

На крајот двете групи, фудбалерите на Шахтјор Доњецк и руските туристи биле комплетно разделени во хотелот.

Scroll to Top