Top Sport

Кисум претставен во Битола: Едвај чекам да заиграм за Еурофарм Пелистер

Данскиот интернационалец Каспер Кисум ги мина медицинските тестови по пристигнувањето во Македонија и денес официјално беше претставен пред медиумите. 30-годишниот Кисум доаѓа во Еурофарм Пелистер од Сондерјиске и попладнево за првпат ќе тренира со своите нови соиграчи. Неговото деби се очекува в сабота на натпреварот против Бутел Скопје.

„Многу сум среќен што сум тука и моите први импресии се многу позитивни. Ги запознав луѓето до клубот, а попладнево првпат ќе тренирам со новите соиграчи. Малку видов од градот, убав е, а и ми допаѓа времето тука. Подобро е отколку во Данска. Едвај чекам да започнам да играм.

Не сум играл со македонски играчи, главно не ги познавам моите нови соиграчи. Секако дека го знам Себастијан Хенеберг, игравме еден против друг во Данска. Но, разговарав со мои колеги, кои играле со некои ракометари на Еурофарм Пелистер во други клубови, а и гледав три натпревари на мојата нова екипа. Ми изгледа како добра екипа и едвај чекам да започнам да работам“, вели Кисум.

Кисум е еден вид замена за повредениот Сери, кој нема да се врати до крајот на оваа сезона. Тој може да игра и како лев и како среден бек, а има акумулирано искуство од настапи во Данска, Германија и Франција,

„Со нетрпение чекам да заиграм во нашиот дом во Битола. Слушав многу за публиката тука, за атмосферата која ја прават домашните навивачи и позитивната атмосфера. Верувам дека ќе започнам со победа во Суперлигата и Европската лига“, заврши Кисум.

Scroll to Top