Top Sport

Украинските фанови со поддршка за убиецот на Џорџ Флојд

Навивачите на украинскиот второлигаш Минај извадија банер со поддршка на Дерек Човин, полицаецот кој е обвинет за убиство на Џорџ Флојд, по што се случија многу протести во САД и целиот свет.

Бело знаме со порака: „Ослободете го Дерек Човин“ се појави на мечот од полуфиналето од Купот на Украина меѓу Минај и Динамо Киев во средата, кога Динамо победи со 2:0.

Поранешниот полицаец Човин е обвинет за убиство од втор степен, откако беше сниман како клечи на вратот на Флојд речиси девет минути, предизвикувајќи бура реакции. Човин е обвинет за убиство покрај тројца полицајци од Минеаполис, кои добија откази.

Scroll to Top