Top Sport

Снукер иконата Торн почина на 66 години

Легендарниот снукер играч, Вили Торн починал на 66 години во болница еден ден откако беше поставен во медицински индуцирана кома.

Англискиот играч, кому во март му беше дијагностицирана леукемија, бил однесен  во болница во Шпанија поради екстремно низок крвен притисок, потврди неговата пријателка Џули О’Нил.

„Со тешко срце потврдувам дека во 1.55 часот наутро, Вили Торн ја загуби својата битка и почина. Тој беше во септички шок и не реагираше на медицинските третмани. Бев со него до крајот и му ги читав пораките од фановите“, изјави О’Нил.

Торн, кој загуби во финалето на УК шампионатот со 16:14 од Стив Дејвис, ја освои својата единствена ренкинг титула на Меркантил класик во 1985 и двапати беше во четврт-финалињата на Светското првенство во 1982 и 1986 во 26-годишната професионална кариера која почна во 1975.

66-годишниот имаше прекар „Господин Максимум“ поради навиката да оди на 147 поени на тренинзи, и во кариерата се мачеше со зависност од обложување и банкротираше откако имаше долг од милион фунти.

Scroll to Top