Ливерпул има огромен број на навивачи и надвор од Англија, а ова најдобро го докажува последната фотографија од Тузла, Босна и Херцеговина, каде што еден навивач на „црвените“ ја преименувал својата улица во „Улица на народниот херој Јирген Клоп“.
Според порталот „Спортспорт“, знакот се наоѓа во близина на стадионот „Тушањ“, каде што своите натпревари ги игра ФК Слобода.
Клоп успеа на Ливерпул да му ја донесе својата прва лигашка титула по 30 години, доминирајќи во Премиер лигата во 2019/20, откако во 2019 ја освои и Лигата на шампионите со „црвените“.